Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) на 30 октомври објави дека рекордни 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени поради ескалацијата на насилството во Демократска Република Конго, јавува Би-Би-Си.
Организацијата наведува дека најголем дел од раселените живеат на истокот, каде што конфликтите се најжестоки.
Видете и ова: Мигрантката Сандра од Конго: Моите деца зборуваат македонски и сакам тука да останамСамо во провинцијата Северен Киву, речиси милион луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради борбите меѓу властите и бунтовничките сили „М23“, наведува УНХЦР.
„Со тековните конфликти и ескалацијата на насилството, ДР Конго се соочува со една од најголемите внатрешно раселување и хуманитарни кризи во светот“, се вели во соопштението на УНХЦР.
Мировните мисии на ОН почнаа да работат во Конго во 1999 година.
Кризата се интензивира од 2021 година.