Со чартер лет организиран од владата на 13 октомври, успешно се евакуирани сите преостанати државјани на Република Северна Македонија кои побарале помош да го напуштат Израел и да се вратат во земјата, соопшти владината служба.
Финансиските трошоци за превезувањето на евакуираните граѓани се покриени од резерви на државниот Буџет.
„Бесплатниот чартер лет за сите патници кои патуваа на релација Тел Авив – Скопје беше реализиран во соработка со Ер Србија (Air Serbia) и тоа во услови на откажани летови и целосно блокиран авионски сообраќај од и кон Израел. Со оглед на тековните борбени активности во повеќе подрачја во Израел изминатата недела, претходните обиди за обезбедување на лет од Тел Авив не вродија со резултат, имајќи предвид дека ниту една компанија од регионот не беше во можност да обезбеди сигурен и безбеден лет и да одговори на барањата на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.
Видете и ова:
Беше многу лошо: Евакуираните од Израел се вратија во СкопјеСо вчерашниот лет, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, обезбеден е и трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.
„Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.