Чешкиот премиер за преместување на амбасадата во Ерусалим во знак на поддршка за Израел

UKRAINE – Prime Minister of the Czech Republic Petr Fiala during his visit to Ukraine. Kyiv, October 31, 2022

Чешката Република може да ја премести својата амбасада во Израел во Ерусалим од Тел Авив „за неколку месеци“ за да покаже поддршка за Израел, изјави премиерот Петр Фиала.

Фиала изјави во Парламентот дека можноста ќе се дискутира во рамките на владејачката коалиција, откако милитантите на Хамас во саботата го извршија најсмртоносниот напад врз цивили во историјата на Израел.

Видете и ова:

Шефот на иранската дипломатија - војната во Газа ќе влијае на целиот регион

„Верувам дека ситуацијата сега е таква што треба да ја забрзаме за недвосмислено да го поддржиме Израел“, рече Фиала на прашањето за потенцијалниот потег.

„Тоа е прашање што може да се реши за месеци, а не години и не недели“, рече тој, само неколку дена откако неговиот министер за надворешни работи предупреди за последиците од таквиот потег, велејќи дека тоа би било незаконско и исто така ризично во овој момент.

Чешка отвори дипломатско претставништво во Ерусалим во 2021 година, што предизвика протести од палестинските власти и од Арапската лига.