Од Талат Џафери до Марија Белова

МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за новинската агенција МИА, изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол од функцијата, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

САД - Соединетите држави на листата на санкционирани лица ги додадоа членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Ненад Стевандиќ, претседателот на Народното собрание на Република Српска и Радован Вишковиќ, премиерот на Република Српска.

ПАКИСТАН - Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад на политички митинг во Бајаур, при што загинаа 54, а 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба.

МАКЕДОНИЈА - Предлогот на Али Ахмети е несериозен во вака сериозен момент кога се работи за евроинтеграциите и засега нема да се разгледува во партиските тела, изјави денеска претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

ГРЦИЈА - Грција е целосно безбедна земја за посетителите, нашиот план за туризмот се спроведува нормално, порача портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за последиците што би можеле пожарите во земјата да ги имаат врз туризмот, но и за пораката што ја испраќаат до туристите кои се двоумат или се плашат да го поминат одморот во Грција.

РУСИЈА - Кремљ оцени дека вчерашните напади со дронови врз Москва е украински „чин на очај“ бидејќи контраофанзивата на Киев пропаѓа.
„Очигледно е дека контраофанзивата не беше успешна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

МАКЕДОНИЈА - Од денеска е пуштен во употреба концептот „Оne Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Со овој концепт, според премиерот Димитар Ковачевски, се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин.

ЕУ - Европската Комисија усвои сет на нови насоки за да им помогне на членките на ЕУ да се прилагодат на климатските промени и подобро да се подготват за нивните последици. Потпретседателот на Комисијата за европски зелен договор Франс Тимерманс рече дека овие упатства ќе им помогнат на сите земји, региони и локални власти на ЕУ да планираат ефективни мерки за адаптација за заштита на граѓаните, бизнисите, градовите и природата од влијанието на климатските промени.

РУСИЈА - Руската комесарка за права на децата Марија Лвова-Белова изјави дека повеќе од 700 000 украински деца биле однесени од Украина во Русија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија ќе издаде стотици нови дозволи за експлоатација на гас и нафта во Северното Море. Како што се наведува во денешното соопштение на британската влада, целта на оваа мерка е зајакнување на енергетската независност на земјата.

БЕЛОРУСИЈА - Руската платеничка група Вагнер започна со обука на механизирани единици на белоруската армија, соопштија на 30-ти ули Министерство за одбрана на Белорусија.

НИГЕР - Западноафриканските земји им дадоа на пучистите во Нигер една недела да воспостават уставен поредок, предупредувајќи да не ја исклучуваат „употребата на сила“ и наредија воведување економски санкции.

УКРАИНА - Висок украински функционер објави дека се водат тешки борби во североисточниот дел на земјата, при што силите на Киев ги држат своите редови и постигнале напредок во некои области.