Вработените во Филхармонија, денеска, на нов протест пред Владата, повторно побараа промена на одлуката во објектот наменет за потребите на симфонискиот оркестар да биде сместена уште една институција.
„Првична идеја беше новата институција да биде постојано сместена во објектот на Македонската филхармонија, а дури потоа се додаде референцијата привремено, за да се изманипулира јавноста дека решението не е постојано“, изјави претседателот на Синдикатот на филхармонија, Владимир Лазаревски.
Видете и ова: И „Царина“ на протест за повисоки плати, можен е и генерален штрајкТој додаде дека доколку се смести уште една институција во нивниот објект, сосема легитимно секој може да бара сместување во Филхармонија, и така тие засекогаш да го изгубат работниот простор.
Лазаревски најави интензивирање на протестите од следната недела, а ќе се одржуваат пред зградата Филхармонија пред почетокот на концертот на Белградската филхармонија и маестро Зубин Мехта на 24 јуни.