Повеќе од 40 илјади луѓе се евакуирани низ Индија и Пакистан, бидејќи циклонот се приближува до нивниот брег, соопштија властите на 13 јуни, а се предвидува ветар до 150 километри на час.
Циклонот именуван како „Катастрофа“ се движи над Арапското Море и се прогнозира дека ќе заврши на копно како „многу силна циклонска бура“, предупредуваат владините метеоролошки набљудувачи.
Во пакистанската југоисточна провинција Синд, властите соопштија дека најмалку 20.000 луѓе се евакуирани од патеката на невремето, додека преку границата во индиската држава Гуџарат, властите рекоа дека исто така помогнале речиси ист број луѓе да се евакуираат.
Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека бурата ќе погоди во четврток навечер во близина на индиското пристаниште со ветрови кои ќе се движат до 150 километри на час.
„Над 20.000 луѓе се евакуирани“, соопштија локалните власти во индиската сојузна држава Гуџарат.
Риболовот е прекинат долж брегот на Гуџарат каде што може да има бранови до три метри, а индиската крајбрежна стража во вчера евакуираше 50 луѓе од брод - дупчалка за нафта поради временските услови.
Индискиот премиер Нарендра Моди во понеделникот претседаваше со состаноци за разгледување на опасностите од претстојниот циклон, повикувајќи ги официјалните лица „да ги преземат сите можни мерки за безбедна евакуација на луѓето што живеат во близина на можната патека на циклонот.
Властите во Гуџарат предупредија дека најверојатно ќе бидат погодени 1,6 милиони луѓе во нивната држава, а силните ветрови и дождови пред неговото пристигнување веќе убиле три лица.
Две деца загинаа при уривање на ѕид, а една жена загината откако била погодена од дрво што паднало додека се возела на мотор.
Видете и ова:
Циклонот Мока усмрти најмалку 400 луѓе во МјанмарЗасолништа во училиштата
Во Пакистан, заменик-комесарот на областа Бадин рече дека меѓу 22.000 и 23.000 луѓе биле евакуирани од селата покрај морето и биле сместени во соседните училишта.
Пакистанската метеоролошка служба соопшти дека долж брегот се прогнозираат ветрови со брзина до 120 км/ч, а се предвидува бранови до 3,5 метри.
Во 2021 година, истиот брег беше погоден од циклонот Тауктае, кој уби повеќе од 150 луѓе и предизвика големи разурнувања.
Циклоните - еквивалент на урагани во Северен Атлантик или тајфуни во северозападниот дел на Пацификот - се редовна и смртоносна закана на брегот на северниот дел на Индискиот Океан каде живеат десетици милиони луѓе.
Научниците предупредија дека бурите стануваат се посилни поради климатските промени.