Фон дер Лајен: Украинците со својата крв ја бранат иднината на Европа

Урсула фон дер Лајен во црквата Св. Софија во Киев, на 9 мај 2023

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, им оддаде почит на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинскиот народ при доделувањето на Карло Велики за нивните напори да се спротивстават на руската инвазија врз нивната земја.

„Тие буквално се борат за слобода, хуманост и мир“, рече фон дер Лајен за време на церемонијата на доделување на наградата во западниот германски град Ахен“, пренесе ДПА.

„Со својата крв и својот живот, тие ја обезбедуваа иднината на своите, но и на другите европски деца“, рече шефицата на ЕК, пофалувајќи го Зеленски за неговото безусловно верување дека оние кои се бореле за нешто секогаш биле посилни од оние кои сакале да го наметнат својот јарем на другите.

Видете и ова:

Зеленски: Контраофанзивата нема да биде напад на руска територија

Фон дер Лајен се потсети и на нејзиното прво патување во Украина по почетокот на руската инвазија минатата година.

„Ги видов масовните гробници до црквата, вреќите со тела лежат блиску една до друга. Никогаш нема да ја заборавам сликата на безбројните свеќи кои ги претставуваат животите на татко, мајка, син, ќерка, брат или сестра, бесмислено изгаснати“, рече таа мислејќи на нејзината посета на киевското предградие Буча, кое беше окупирано од руските војници во пролетта 2022 година.

Претходно, германскиот канцелар Олаф Шолц му се заблагодари на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одбраната на европските вредности во контекст на инвазијата на Русија врз Украина.