Талибанците го убиле лидерот на ИД одговорен за нападот на аеродромот во Кабул

илустрација

Талибанците кои се на власт во Авганистан убиле еден од водачите на таканаречената Исламска држава (ИД) за кој се верува дека планирал разурнувачки бомбашки напад на аеродромот во Кабул во 2021 година, соопштија американските власти.

Во бомбардирањето во август 2021 година загинаа 170 цивили и 13 американски војници додека луѓето се обидуваа да ја напуштат земјата додека Талибанците ја преземаа контролата. Припадник на „Исламска држава“ беше убиен пред неколку недели, но требаше време да се потврди неговата смрт, изјавија американски претставници за Си-Би-Ес. Неговото име не е објавено.

Американските власти соопштија дека преку собирање разузнавачки информации и следење на ситуацијата во регионот, утврдиле дека лидерот е убиен, но не дадоа повеќе детали за тоа како дознале дека тој е одговорен за бомбардирањето.

„Владините експерти силно веруваат дека овој поединец навистина бил клучната одговорна личност“, изјави висок американски функционер за CBS. Според извештајот на Њујорк Тајмс, САД дознале за смртта на лидерот на „Исламска држава“ на почетокот на април.

Видете и ова: Експлозии кај аеродромот во Кабул, десетици жртви и повредени

Не е јасно дали тој бил цел на Талибанците или бил убиен за време на тековните борби меѓу Исламската држава и Талибанците, пишува весникот.

Во понеделникот, Соединетите Држави почнаа да ги известуваат семејствата на загинатите војници за смртта на лидерот на Исламската држава.

Експлозијата на аеродромот во Кабул се случи на 26 август 2021 година и се случи неколку часа откако западните влади ги предупредија своите граѓани да се држат подалеку од аеродромот поради непосредна закана од напад на ИС-К, авганистанскиот огранок на групата Исламска држава.