Уапсен поранешен член на руската група Вагнер откако јавно прозборе за наводни злосторства

Гробишта на починати членови на руската платеничка група Вагнер во Русија

Полицијата во рускиот град Саратов на 24 април го приведе поранешниот член на руската платеничка група Вагнер, Азамат Улдаров. До ова дојдет откако тој пред неколку недели јавно изјави дека борците на платеничката група убиле цивили, вклучително и деца, во Украина.

Организацијата за заштита на човекиви права Гулагу изрази загриженост дека е можно Улдаров да се соочи со бруталност или дури и смрт бидејќи платеници од групата Вагнер биле присутни за време на приведувањето. Во нивното соопштение е наведено дека сведоци тврдат дека платениците на групата Вагнер кои присуствувале и на испрашувањето на Улдаров, го тепале во присуство на истражители.

Во средината на април, Улдаров и уште еден поранешен член на Вагнер, Алексеј Савичев, јавно зборуваа за злосторствата на борците на групата и огромните човечки загуби во војната во Украина.

Видете и ова: Синот на портпаролот на Кремљ тврди дека се борел во Украина како платеник на Вагнер

Руската платеничка група Вагнер од овој месец е на листата на сакции на ЕУ поради „активно учество во руската агресија против Украина“.

Групата Вагнер, која ги предводеше руските напади врз украинските градови Бахмут и Соледар, претходно во февруари беше ставена на друга листа на санкции на ЕУ поради кршење на човековите права и „дестабилизација“ на земјите во Африка.

Фактот дека Вагнер е двапати наведен на листата „ја нагласува меѓународната димензија и тежината на активностите на оваа група, како и нејзиното дестабилизирачко влијание во земјите каде што е активна“, се вели во соопштението на Европскиот совет.