Германскиот синдикат на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јавува германската новинска агенција ДПА.
Штрајкот ќе опфати 50 компании и ќе трае осум работни часа, соопшти германската синдикална организација. Тие најавија дека патниците треба да бидат подготвени за одложувања и откажувања на патувањата.
Видете и ова:
Лекарите во Британија штрајкуваат за повисоки платиВисоката инфлација во Германија предизвика бран штрајкови во последниве месеци, бидејќи работниците бараат повисоки плати за да ги надоместат зголемените трошоци за живот.
Синдикатот Е Фау Ге кој преговара во име на 230.000 луѓе, бара зголемување на платите за 12 отсто, или најмалку дополнителни 650 евра од нивните месечни плати.
Видете и ова:
Штрајкот на персоналот на германските аеродроми погоди речиси 300.000 патнициДржавната „Дојче бан“ понуди зголемување на платите за 5 отсто на своите вработени и еднократна исплата до 2.500 евра.