Судот во Москва денеска одлучи американскиот новинар Еван Гершкович, кој беше уапсен за шпионажа, да остане во притворот во Лефертово до 29 мај.
Руските власти го уапсија 32-годишниот Гершкович во градот Екатеринбург, источно од Москва. Тој работеше за американскиот весник Вол Стрит Журнал, а обвинет е за шпионажа.
Гершкович денеска се појави пред судот во Москва на почетокот на жалбениот претрес за да се утврди дали ќе биде задржан во притвор.
Видете и ова: Блинкен: Русија неправедно го приведе новинарот на „Волстрит журнал“Тој мирно стоеше во посебна стаклена кабина во судницата, не зборувајќи ништо додека десетици новинари се туркаа во судницата да го видат.
Гершкович е обвинет дека се обидел да добие доверливи информации за руска фабрика за оружје, што тој, Вол Стрит Журнал и властите во САД го негираа.
Тој би можел да добие до 20 години затвор.
Претставници на 46 држави членки на Обединетите нации, вклучувајќи ги Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, ја осудија репресијата на Русија врз слободата на изразување, вклучително и неправедните апсења на новинари.
Од државите од Западен Балкан таквата изјава не ја поддржа единствено Србија.