Интригантно или апсурдно - Уред за бакнување на далечина

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Инспириран од изолацијата на паровите за време на пандемиските карантини во Кина, студент создал роботски силиконски уред за да им овозможи на луѓето да се бакнуваат на далечина. Тој не можел да се гледа со девојката поради строгите рестрикции, па како тогашен студент на Филмската академија во Пекинг, одлучил да ја фокусира дипломската работа на решавање на недостатокот на физичка интимност за време на видео повик. А потоа основал и компанија.