Гувернерот на Вајоминг го потпиша законот со кој се забрануваат апчиња за абортус

Апчиња за абортус

Гувернерот на американската сојузна држава Вајоминг Марк Гордон синоќа го потпиша законот со кој се забрануваат апчиња за прекин на бременоста, кој претходно беше изгласан во таа сојузна држава, каде што на власт се Републиканците.

Таквите таблети веќе се забранети во 13 американски сојузни држави, каде што има општа забрана за абортус, а 15 држави го ограничи пристапот до вакви лекови.

Забраната за таблети за абортус во Вајоминг стапува на сила во јули ако не биде одложена поради можни жалби. Апчињата почнаа да се користат за преминување на бременоста во САД уште пред Врховниот суд да донесе пресуда врз основа на која абортусот беше легализиран на целата територија на САД во 1973 година.

Видете и ова: Дали гувернерот Рон ДеСантис е новиот Трамп?

Со пресудата, на целата територија на САД беше заштитено правото на абортус скоро половина век, нобеше укината во јули минатата година. Оттогаш, околу 15 американски сојузни држави одлучија да ги забранат сите прекини на бременост на своја територија.

По укинувањето на пресудата на Врховниот суд на САД, за рестрикциите за абортусот одлучуваат сите сојузни држави посебно. Тринаесет држави донесоа забрана за абортус во кој било момент од бременоста, а Џорџија забранува откако ќе може да се детектира срцева активност, односно околу шестата недела од бременоста.

Судовите ја запреа примената на забраната за абортус или големите ограничувања во неколку држави. Комбинација од две апчиња мифепристон и уште еден лек е најчест облик на абортус во САД.

Видете и ова: Страв од укинување на нови права по одлуката за абортусот во САД