Само две дојави за бомби по воведувањето нови протоколи

Ученици пред гиманзијата Јосип Брос Тито во Скопје, по пријави за бомби во училиштето, декември 2022

Само две дојави за бомби имало откако се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, изјави на 16 март министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Едната дојава стигнал следниот ден по воведувањето на протоколите, втората ден потоа, и понатаму веќе нема дојави за бомби, рече на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен на почетокот на март.

Дојавите за поставени бомби во училишта, но и во други институции започнаа кон крајот на октомври минатата година. После проверките се покажување дека дојавите биле лажни, но учениците губеа настава, а беше нарушен и работниот процес во институциите каде повремено имаше дојави за бомби.

Видете и ова:

Средношколци бараат олеснување на полагањето државна матура

Новите протоколи предвидуваат во случај на дојава училиштата да продолжат да работат, а тимовите на МВР да проверуваат дали има експлозивна направа. Јавноста, пак нема да биде информирана ако има дојави.

Во училиштата пред почеток на наставата полицијата прави проверки, а во школските згради не може да влезе некој однадвор без притоа да се најави.