Временска прогноза – облачно со повремен дожд

Жена со чадор во Скопје

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје максималната температура ќе достигне до осум степени.

Во недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.