Зеленски: Ќе го вратиме украинското знаме на Крим

Украинскиот претседател Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе го врати Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

„Пред девет години започна руската агресија врз Крим. Со враќањето на Крим ќе го вратиме мирот. Тоа е нашата земја. Нашиот народ. Нашата историја“, напиша Зеленски на Твитер.

Зеленски додаде дека знамето на неговата земја ќе биде вратено во сите делови на Украина.

Видете и ова: Украинските сили тврдат дека ги одбиваат руските напади

Во 2020 година, украинскиот претседател го прогласи 26 февруари за Ден на отпорот на руската окупација на Крим. Крим официјално е дел од Украина, но Русија го анектираше во 2014 година, по референдумот што Меѓународната заедница го смета за нелегитимен.

На 24 февруари 2022 година, Москва започна инвазија на Украина. Во првата година од војната, десетици илјади луѓе загинаа, вклучително и илјадници цивили, милиони станаа бегалци, а некои градови беа целосно уништени.

Експертите предупредуваат дека најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна би можел да трае со години, а се погласни се стравувањата дека може да прерасне во директен конфликт меѓу Русија и НАТО.