САД им порачаа на американците: веднаш заминете од Русија

Американската државјанка Алиша Деј на судско рочиште во Москва, Русија на 1 февруари 2023 година.

САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина и ризикот од произволно апсење или малтретирање од страна на руските агенции за спроведување на законот. „Американските граѓани кои живеат или патуваат во Русија треба веднаш да заминат“, соопшти американската амбасада во Москва, наведувајќи: „Постапувајте со зголемена претпазливост поради ризикот од погрешно притворање. Не патувајте во Русија“.

Видете и ова: Телефонските канали меѓу НАТО и Русија остануваат отворени

Последното такво јавно предупредување беше во септември, откако претседателот Владимир Путин нареди делумна мобилизација. „Руските безбедносни служби уапсија американски државјани под лажни обвиненија, ги издвоија американските државјани во Русија за притвор и малтретирање, им негира фер и транспарентен третман и ги осудуваат во тајни судски процеси или без приложување веродостојни докази“, соопшти амбасадата. Русија отвори кривична постапка против државјанин на САД под сомнение за шпионажа“, соопшти Федералната служба за безбедност (ФСБ) во јануари.