САД соборија нeидентификуван летачки објект над Алјаска

Портпаролот на белата Куќа, Џон Кирби

Неидентификуван објект на голема надморска височина е соборен над Алјаска, соопшти Белата куќа. Портпаролот Џон Кирби рече дека објектот во тоа време бил над ретко населена област.

„Претседателот Џо Бајден донесе одлука да го собори објектот, кој беше од непознато потекло“, рече Кирби.

Кирби објасни дека објектот над Алјаска се движел на височина од 40.000 стапки (околу 12 километри) и можел да претставува закана за цивилните авиони. Тој додаде дека неговите остатоци се „многу, многу помали“ од соборениот балон минатата недела во близина на брегот на Јужна Каролина.

„Разузнавачките службеници дознале за обејктот во четвртокот вечерта“, рече Кирби.

Тој објасни дека американски борбен авион се приближил до објектот и проценил дека е без екипаж, а претседателот Бајден ја добил оваа информација кога ја донел својата одлука. Официјалните лица се уште не утврдиле дали „објектот“ бил вмешан во шпионажа, а портпаролот на Белата куќа коригирал новинар кој го нарекол „балон“.

Соборувањето на овој објект се случи откако минатата саботаСАД соборија кинески балон над нејзините територијални води. Кина тврди дека балонот бил користен за набљудување на метеоролошките услови без воена цел, но Вашингтон го опиша како софистициран шпионски брод.

Кинеските балони вредна и тешко соборлива алатка за набљудување

Американскиот државен секретар Антони Блинкен на 8 февруари изјави дека Соединетите Држави споделиле информации за кинескиот шпионски балон со десетици земји ширум светот.