Времето денеска: претежно облачно со локални врнежи од снег и дожд

Претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од минус 1 до 5 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 5 степени.