Словачките пратеници денеска ја одобрија промената на уставот, која му дозволува на парламентот да го скрати својот мандат, отворајќи го патот за предвремени избори во септември. Актуелната влада на премиерот Едуард Хегер го загуби гласањето за недоверба во декември, откако поранешната коалициона партија и се приклучи на опозицијата која тврди дека владата не направила доволно за да им помогне на луѓето со зголемените трошоци за живот. Анкетите и даваат на опозицијата, вклучително и левичарската партија Смер на поранешниот премиер Роберт Фицо, предност пред сегашните централно-десничарски владини партии. Фицо зазеде критичен став за испораката на оружје на Словачка за соседна Украина, а неговата победа би можела да го промени ставот на земјата за ангажманот на НАТО.
Видете и ова: Ниска излезност на референдумот за предвремени избори во СловачкаСпоред уставниот амандман, парламентот ќе може да го скрати својот четиригодишен мандат доколку 90 од 150-те пратеници поддржат таков предлог. Предвремените избори треба да се одржат на 30 септември како што договорија партиите од поранешната владејачка коалиција. Предвремените избори ќе го намалат редовниот четиригодишен пратенички мандат за околу пет месеци.