Во Митровица нов протест поради политиката на Александар Вучиќ

Од претходниот протест во Митровица

Граѓанската иницијатива Српски опстанок денеска ќе организира протест во северниот дел на Митровица поради, како што соопштија, катастрофалната преговарачка политика на српскиот претседател Александар Вучиќ и безусловното прифаќање на новиот договор за Косово.

Видете и ова: Подготвеност на Вучиќ да ги нормализира односите со Косово, топката е кај Курти?

Протестот, како што се наведува во соопштението, ќе биде организиран и поради честите етнички мотивирани напади врз Србите, узурпацијата на приватниот имот на граѓаните со одлуки на владата во Приштина преку нерегуларни експропријации и присуството на моноетнички специјални единици на косовската полиција.