Русија ќе се одмазди за замрзнатите сметки на РТ во Франција, пренесуваат руските агенции

Илустративна фотографија

Москва ќе им возврати на француските медиуми во Русија откако беа замрзнати банкарските сметки на РТ Франс (RT France), францускиот огранок на нејзиниот државен радиодифузер (РТ), објавија руските новински агенции на 21 јануари.

„Блокирањето на сметките на РТ Франс ќе доведе до одмазднички мерки против француските медиуми во Русија“, пренесоа агенциите ТАСС и РИА Новости изјава на анонимен извор од Министерството за надворешни работи.

Мерките „ќе останат запаметени“, вели рече изворот, обвинувајќи го Париз за „тероризирање на руските новинари“.

Видете и ова: Започна со работа „Russia Today“ на српски јазик

На 20 јануари, синдикатот на РТ Франција, на кои веќе им е забрането емитување, соопштија дека нивните сметки во земјата се замрзнати.

Француското Министерство за финансии за АФП изјави дека средствата на синџирот се замрзнати во согласност со најновите санкции на ЕУ, а не на иницијатива на Париз.

РТ беше блокиран во повеќето западни земји откако Русија започна воена инвазија врз Украина, лани во февруари.

РТ на крајот на 2017 година отвори канал на француски јазик и покрај тоа што беше етикетирана како алатка на пропагандата на Кремљ во САД, Франција и во другите западни земји. Со буџет од 20 милиони евра францускиот канал стана еден од најамбициозните проекти на РТ.