Ковачевски апелира на единство за членство на Северна Македонија во ЕУ

премиерот Димитар Ковачевски

„Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство, бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на скрининг процесот. Ковачевски упати апел до пратениците дека мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојба на нашите граѓани. „Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет и силна волја“, нагласи премиерот. Во следната недела, како што информира тој, почнува билатералниот скрининг за Кластер 2 – „Внатрешен пазар“, а досега е завршен билатералниот скрининг за Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“.

Уставните измени во март на собраниско мени?

„Добар процент на усогласеност имаме во правната рамка во носењето на законите, но секако остануваат отворени прашањата на кои треба да се посветиме, а тоа се реформата на јавната администрација, механизмите за владеењето на правото и борбата со корупцијата, рече Ковачевски, според кој целта за членство во големото европско семејство до 2030 година не е невозможна цел.