Лавров ги спореди активностите на САД со оние на Хитлер и Наполеон

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги обвини Соединетите држави дека подготвуваат терен во Украина како дел од, како што ја нарече, хибридна војна против Москва. Говорејќи на прес-конференција во руската престолнина, Лавров рече дека кризата во Украина започнала многу пред Москва да испрати десетици илјади војници во земјата во минатиот февруари во она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“. „Како Наполеон и Хитлер, Соединетите држави формираа коалиција со европејците против Русија и водат војна против Русија во Украина“, рече тој.

Русија го задржува притисокот на истокот на Украина

Вашингтон и Западот ја обвинуваат Москва за неиспровоциран грабеж на територија во Украина во колонијален стил, додека Русија судирот го смета за историски меѓу неа и Западот. Лавров изјави дека Москва допрва треба да види какви било сериозни предлози за мир во Украина и дека идеите на самиот украински претседател Володимир Зеленски на оваа тема се неприфатливи. Лавров рече дека Москва е подготвена да разговара за конфликтот со западните земји и да одговори на какви било сериозни предлози, но дека се потребни разговори за да се решат пошироките безбедносни грижи на Русија. Говорејќи на прес-конференција во Москва, Лавров повторно повика НАТО да ја отстрани својата „воена инфраструктура“ од Украина и другите земји блиску до руските граници.