Времето денеска: променливо облачно

Macedonia -- A man rides on his boat during a cloudy day on Ohrid lake, October 9, 2015

Променливо облачно и ветровито време. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 13 степени.