Комитетот на ЕП гласаше за визна либерализација за Косово

илустрација

Комитетот на Европскиот парламент (ЛИБЕ) за граѓански слободи, правда и внатрешни работи го потврди договорот за визна либерализација за Косово.

За оваа одлука гласаа 48 европски претставници на членовите на одборот на ЛИБЕ, од кои 7 беа позитивни, а 3 воздржани.

Известувачот на ЕП за визи, Тејс Ројтен, оцени дека со денешното гласање Косово е на чекор до долгоочекуваното патување без визи.

Тоа е прво во низата гласови неопходни за официјализирање на одлуката. По гласањето во одборот на ЛИБЕ, одлуката за визна либерализација треба да ја потврди и Европскиот парламент на пленарна седница. Потоа за истата одлука треба да гласа и Советот на министри на Европската унија (ЕУ). После тоа, одлуката се објавува во службениот весник на ЕУ, што ја прави правно обврзувачка.

Видете и ова: Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа договор за визна либерализација за Косово

Според договорениот текст, граѓаните на Косово ќе уживаат безвизен режим со европските земји кога Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС) ќе биде целосно оперативен (во принцип на 1 ноември 2023 година), а во секој случај најдоцна до први јануари 2024 година.

ЕТИАС е систем за давање овластување за патување во оние земји од Европската Унија кои припаѓаат на Шенген зоната.

Косово е последната земја во регионот за која не важи визната либерализација во земјите од Шенген зоната. Србија, Црна Гора и Северна Македонија имаат безвизен режим од декември 2009 година, а Босна и Херцеговина и Албанија од декември 2010 година.