Во Германија уапсен Иранец осомничен за подготовка на терористички напад

Илустрација: Човек со гас маска

Германската полиција уапсила 32-годишен Иранец поради сомнеж дека подготвувал „исламистички напад“ со употреба на цијанид и рицин.

Канцеларијата на главниот обвинител во Дизелдорф денеска соопшти дека осомничениот е уапсен во градот Кастроп – Рауксел, северозападно од Дортмунд во западна Германија.

Видете и ова: Безбедносните служби спречиле терористички напад на бомбаш самоубиец

Полицијата го претресла неговиот стан во потрага по „токсични супстанци“ наменети за напад.

Уапсениот е „осомничен дека подготвувал сериозен акт на насилство кој ја загрозува државната безбедност“, наведуваат истражителите.

Не се соопштени детали за тоа дали постоела конкретна закана од напад.
Во тек на акцијата на полицијата било приведено уште едно лице, а медиумите јавија дека се работи за брат на уапсениот.