Поглаварот на Православната црква на Украина за првпат служеше литургија во Киевско-печерската лавра

Митрополитот Епифаниј служи божиќна литургија во украинскиот манастир Киевско-печерска лавра

Неколку стотини верници присуствуваа денеска на божиќната литургија во украинскиот манастир Киевско-печерска лавра, која претходно беше под управа на Руската православна црква.

Митрополитот Епифаниј, поглавар на Украинската православна црква основана во 2018-2019 година по расколот со Руската православна црква, за првпат ја предводеше божиќната литургија во храмот на тој манастир од 11 век, најголем во Украина.

Видете и ова: Путин сам на божиќна литургија во црквата во Кремљ

Верниците, меѓу кои многумина мажи во воени униформи, се собраа на литургијата под силно полициско присуство.

Верниците на влезот мораа да покажат документи и да поминат детектор за метал.

Во Украина на сила е 36-часовен прекин на огнот, откако рускиот претседател ѝ нареди на својата војска да запре со огнот за време на божиќните празници. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за спорадично прекршување на примирјето.