Подољак: Може да има примирје само ако Русија ги напушти окупираните територии

Михајло Подољак - Високиот советник на украинскиот претседател

Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на повикот на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот за време на Божиќ. Михајло Подољак на Твитер напиша дека привремено примирје ќе има само кога Русија ќе ги напушти окупираните територии.

„Прво. Украина не напаѓа странска територија и не убива цивили. Како што прави Русија. Украина уништува само членови на окупациската армија на нејзината територија. Второ, Русија мора да ги напушти окупираните територии - само тогаш ќе има „привремено примирје“. Чувајте си го лицемерието за себе“, напиша Подољак на Твитер.

Путин нареди прекин на огнот за Божиќ - Ја повика и Украина да го стори истото

Подољак, кој беше еден од водечките преговарачи во раните разговори меѓу Русија и Украина на почетокот на војната, претходно го отфрли и повикот за Божиќно примирје од патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, нарекувајќи го „цинична замка и елемент на пропаганда“.

Руската православна црква како „воен пропагандист“ што поттикна „масовно убиство“ на Украинците и милитаризација на Русија, рече Подољак.

Украинскиот претседател Зеленски пак претходно во говор на безбедносен форум рече дека Русија бара можност да постигне „кратко примирје“ за да ги врати силите.