Путин испратил во Атлантски океан фрегата со нови хиперсонични крстосувачки ракети

новата хиперсонична крстосувачка ракета Циркон лансирана од фрегатата Адмирал Горшков на руската морнарица во Баренцовото Море

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испратил фрегата во Атлантскиот Океан вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети Циркон. На видео-конференција со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и Игор Крохмал, командант на фрегата по име „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“, Путин рече дека бродот е вооружен со хиперсонично оружје Циркон.

Кои се американските цели за руските ракети?

„Овој пат бродот е опремен со најновиот хиперсоничен ракетен систем – „Циркон“, рече Путин. Шојгу рече дека „Горшков“ ќе плови низ Атлантскиот и Индискиот океан, како и Средоземното Море.