Самит Украина-ЕУ во Киев на 3 февруари

украинскиот претседател Володимир Зеленски

Европската унија и Украина ќе одржат самит на 3 февруари во Киев, а не во Брисел на кој ќе се разговара за европската финансиска и воена поддршка, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски разговараше за таа средба на високо ниво со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во првиот телефонски разговор годинава. Одлуката за средбата во Киев става крај на шпекулациите за можно ново патување на претседателот Зеленски во странство по неговата ненадејна посета на Вашингтон во декември. Се подготвува испорака на „соодветно“ оружје и почеток на нова програма за финансиска помош за Украина во вредност од 18 милијарди евра, се вели во одлуката на Европскиот парламент во декември. Украинскиот претседател инсистираше првата рата да и биде исплатена на неговата земја во јануари.

Фон дер Лајен по разговорот со Зеленски: ЕУ останува со вас, колку што е потребно

Самитот на 3 февруари нема да ги собере шефовите на држави и влади, туку ќе учествуваат само Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, како што веќе најави портпаролот на Мишел. Во декември, Европскиот парламент прифати правен пакет со кој се овозможува финансирање на Украина, кој вклучува данок од најмалку 15 отсто на приходот на мултинационалните компании.