Нов бран на руски напади со дронови во Украина

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко

Русија лансирала 16 беспилотни летала „камикази“ во Украина во текот на ноќта, соопшти денеска украинската војска, еден ден откако Москва започна нов бран напади врз украинската критична инфраструктура.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека сите 16 беспилотни летала (дронови), за кои велат дека биле испратени од југоисток и север, биле уништени од воздушната одбрана.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на својот канал на Телеграм изјави дека седум дронови биле насочени кон главниот град и дека пет биле уништени во градот и два пред да стигнат до Киев.
Административна зграда во градот е делумно уништена, изјави Серхиј Попко, шеф на воената администрација на Киев, кој исто така рече дека нема информации за евентуални жртви.

Русија од средината на октомври започна со бројни напади со беспилотни летала и ракетни напади врз енергетската инфраструктура што доведе до прекини на струјата.