Лажна дојава за бомба во објект на „Пошта“

Илустративна фотографија

Лажна дојава за поставена бомба денеска е добиена на електронската адреса на објект на националната „Пошта“, соопштија од Министерството за внатрешни работи по проверката на пријава.

Оттаму појаснуваат дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата, преземени се мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.

Видете и ова: И скопскиот аеродром цел на хибридни напади, информиран е НАТО

Дојавите за бомби во земјава, од кои најголем дел во училишта во главниот град, почнаа да стигнуваат од 26 октомври. Најчесто се работи за испратени мејлови со заканувачка порака дека во објектот е поставена експлозивна направа. На мета во изминатиот период беа повеќе јавни и приватни објекти меѓу кои и згради за домување, трговски центри, но и стратешки места како Аеродромот во Скопје или Транспортниот центар.

Видете и ова: Новогодишните честитки заглавија во пошта

Во сите случаи полицијата, по извршената евакуација, утврдуваше дека се работи за лажни пријави.

Досега има неколку кривични пријави за „тероризам“ за лица кои се сомничат дека испраќале вакви дојави, меѓутоа во најголемиот дел од случаите не е пронајден виновникот.