Отворен граничниот премин Мердаре

Граничниот премин Мердаре меѓу Косово и Србија беше отворен по неколкудневна блокада, 29.12.2022.

Граничниот премин Мердаре меѓу Косово и Србија, како што јави тимот на Радио Слободна Европа, повторно е отворен за сообраќај. Дваесетина камиони веќе чекаат на српска страна за да преминат на Косово. Граничниот премин Мердаре беше затворен од косовската полиција на 27 декември, откако група Срби во Србија го блокираа патниот пристап до границата. Таа барикада беше отстранета во четвртокот наутро, по договорот постигнат во средата навечер на средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со косовските Срби во воената касарна „Стефан Немања“ во Рашка со учесниците на блокадите, кој беше затворен за јавноста.

Договор со недоверба: отстранување на барикадите на северот на Косово

„Ова не е едноставен процес и не може да се направи за два часа, како што некои замислуваа. Но во рок од 24 до 48 часа барикадите ќе бидат отстранети. Но, недовербата не се отстранува. Тие што си играат со самото постоење на Србите на Косово мора да знаат дека, како што не го дозволивме сега, нема да дозволиме ниту во иднина“, изјави Вучиќ по средбата. Во меѓувреме, како што јави порталот Косев, во пожар изгореле два камиона кои сочинуваа една од барикадите поставени на местото Дудин Крш кај Митровица. Причината за пожарот сè уште не е позната. Србите во изминатите 20 дена поставија барикади на најмалку 14 локации во општините на северот на Косово.