Хуманитарен брод спаси 113 луѓе од Средоземното Море

Мигранти на спасувачкиот брод „Океан Викинг“

Хуманитарниот брод „Океан Викинг“ спаси 113 луѓе во Средоземното Море во првата операција по доаѓањето во Франција во ноември по дипломатскиот спор меѓу Париз и Рим, соопшти денеска Европската хуманитарна организација „СОС Медитеран“. Меѓу мигрантите имало и „23 жени, од кои некои бремени, триесетина малолетници без придружба и три бебиња, од кои најмалото е три недели", јавува „СОС Медитеран", со седиште во Франција.

Грција бара ЕК итно да интервенира за релокација на спасените мигранти кај Крит

Мигрантите биле спасени од преоптоварен гумен чамец во меѓународни води и во близина на либиска територија. Тие на бродот биле згрижени од членови на „СОС Медитеран“, како и вработени во Црвениот крст и Црвената полумесечина. Хуманитарниот брод за спасување моментално „продолжува да патролира“.