Во САД 26 загинати во ледената бура, неколку десетици илјади без струја

Најмалку 26 лица загинаа во ледената бура што зафати девет американски сојузни држави во последните денови, соопштија синоќа локалните власти, додавајќи дека многумина загинале во сообраќајни несреќи поради мразот и слабата видливост на патиштата. Поради невремето, десетици илјади Американци го прославија Божиќ во темница бидејќи имало прекини на струја. Во некои делови на САД, како што е градот Бафало, снегот на некои места достигна и до три метри.

Илјадници летови се откажани во САД поради силната арктичка бура

Локалните власти го повикаа населението да не се движи, но дел од граѓаните сепак излегоа и останаа заглавени во возилата. Метеоролозите најавуваат стабилизирање на времето кон средината на неделата. Во неколку американски градови се отворени засолништа за ранливите категории граѓани. Ледена бура има и во соседна Канада. Повеќе од 150.000 луѓе останаа без струја, а некои железнички линии беа откажани во текот на викендот.