Повторно откажани летови во САД поради снежната бура

Илустрација

Над 1000 летови се откажани и денеска во САД поради зимските бури. Илјадници патници беа оставени без планираниот превоз за време на Божиќ.

Нешто повеќе од 57000 летови беа откажани вечра според вчера. Патничката железница Амтрак откажа десетици возови поради неповолните временски услови.

Видете и ова: Илјадници летови се откажани во САД поради силната арктичка бура

Американскиот секретар за транспорт, Пит Бутиџиг изјави за Си-Ен-Ен дека американскиот авијациски систем „функционира под огромен притисок“ во услови на две различни бури и силни ветришта кои ги погодуваат аеродромите низ земјата.

Според него, денеска се откажани околу 10 отсто од летовите во САД.