Русија: американските ракети „Патриот“ нема да помогнат да се стави крај на конфликтот во Украина

Ракетен одбранбен систем Патриот

Русија денеска соопшти дека испораките на американски ракетни системи Патриот за Украина, објавени за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, нема да помогнат во решавањето на конфликтот или да ја спречат Русија да ги постигне своите цели. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека нема знаци на подготвеност за мировни преговори што докажува дека САД водат прокси војна со Русија „до последниот Украинец“. Зеленски вчера пред американскиот Конгрес изјави дека помошта за неговата земја е инвестиција во демократијата, додека тој се повика на битките против нацистите во Втората светска војна за да изврши притисок за поголема помош во војната против Русија. Соединетите Американски Држави најавија уште една воена помош од 1,85 милијарди долари за Украина, вклучително и системот за воздушна одбрана „Патриот“ за да ѝ помогне да ги одбегне баражите од руски ракети.

Зеленски: нема да има компромис во војната против Русија

Зеленски рече дека системот Патриот е важен чекор во создавањето воздушен штит. Русија вели дека ја започнала својата „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари за да ја ослободи од националистите и да ги заштити заедниците што зборуваат руски. Украина и Западот ги опишуваат дејствијата на Русија како неиспровоцирана агресивна војна.