Самитот ЕУ-Украина е закажан за 3 февруари, но не се знае каде

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Киев, 15 септември 2022 година

27-те шефови на држави и влади на Европската унија и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржат самит на 3 февруари следната година, изјави денеска портпаролот на ЕУ, додавајќи дека локацијата не е одредена. „Можам да потврдам дека самитот ЕУ-Украина ќе се одржи на 3 февруари и има отворена покана до претседателот Зеленски да го посети Брисел“, рече Барен Лејтс, портпарол на ЕУ, прецизирајќи дека поканата Зеленски да го посети Брисел не значи дека таму ќе се одржи самитот.

Единството на ЕУ околу санкциите врз Русија слабее

Официјални лица рекоа дека темата на самитот најверојатно ќе биде како ЕУ може да продолжи да ја поддржува Украина против Русија. Лидерите, исто така, ќе го проценат патот на Украина до членство во Унијата. Зеленски редовно се појавува преку видео врска на самитите на ЕУ од почетокот на руската инвазија во февруари. Тој вчера во Вашингтон го направи своето прво лично патување од почетокот на војната.