Владата на Унгарија има за цел да избегне рецесија следната година и сака да ја ограничи инфлацијата на едноцифрена вредност до крајот на 2023 година, рече денеска премиерот Виктор Орбан, најавувајќи даночни олеснувања за жените до 30-годишна возраст, доколку одлучат да имаат деца, надоградувајќи се на претходно воведеното даночно олеснување за младите до 25-годишна возраст. Орбан се соочува со својот најголем предизвик откако дојде на власт во 2010 година, бидејќи економскиот раст забавува, каматните стапки на централната банка на Унгарија се највисоки во ЕУ, а годишната инфлација се предвидува да достигне околу 27% во наредните месеци.
ХРВ: Унгарската влада злоупотребила лични податоци за политички кампањи
Орбан рече дека неговата влада, која беше реизбрана на четврти последователен мандат во април 2022 година, ќе го задржи постојниот систем на ограничувања на сметките за енергија во домаќинствата и во следната година. Орбан, исто така, рече дека неговата влада ќе ги финализира договорите со Европската унија за финансирање во наредните денови, откако претходно овој месец постигна договор за ослободување на суспендираните средства доколку Унгарија ги исполни сите услови договорени со Брисел во услови на спор за владеење на правото и ако го спречи корупција поврзана со користењето на фондовите на ЕУ.