Српската влада поднесе барање до КФОР за враќање на српската војска на Косово

Претставниците на Владата на Србија денеска поднесоа барање до КФОР за враќање на до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Како што јави Радио-телевизија на Србија, барањето е поднесено на управниот премин Мердаре. Владата на Србија вчера вечер одлучи да побара од КФОР да овозможи враќање на илјада припадници на безбедносните сили на Косово, а одлуката била донесена едногласно.

Тензиите растат - Белград бара враќање на српските војници на Косово, Приштина влез во ЕУ

Претседателот Александар Вучиќ оцени дека тоа е направено за да се намалат тензиите на Косово, но и додаде дека КФОР најверојатно нема да го прифати барањето на Србија. Во меѓувреме, во Косовска Митровица синоќа бил уапсен Слаѓан Трајковиќ, еден од припадниците на косовската полиција кои ја напуштија службата, наводно обвинет за воени злосторства. Етничките Срби се на барикадите веќе седми ден.