Вучиќ: испраќаме барање до КФОР

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија одлучила барањето да се овозможи враќање на српските воени и полициски сили на Косово, кое е во согласност со резолуцијата 1244 денеска ќе биде доставено на административните премини. Според него, барањето синоќа требало да биде по електронска пошта испратено до КФОР. „Тоа е почитување на меѓународното јавно право и ништо повеќе од тоа. Исто така е важно за заштита на населението и контрола на премините, бидејќи тоа би ги намалило тензиите“, изјави Вучиќ за РТС, додавајќи дека е „сигурен“ оти ова барање нема да биде прифатено.

Лајчак – Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата

„Важно е барањето да биде формално, бидејќи еден ден кога ќе се промени ситуацијата, нема да можат да кажат „не сте го побарале“, рече претседателот. Вучиќ оцени дека Приштина никогаш нема да дозволи формирање Заедница на српски општини. Тој сепак изјави дека верува оти Америка повеќе ќе сака да ја слуша Србија отколку Европската унија, бидејќи „тие разбираат колку е сериозна ситуацијата“. „Можеби Америка ја разбира фундаменталната ситуација подобро од некои други, тоа е мојата мала надеж“, рече Вучиќ, наведувајќи дека Србија „нема обврска кон Русија да не и воведува санкции, туку морална и оти ќе издржи додека може и додека не бидат загрозени српските витални интереси.

Ескобар за РСЕ: САД категорично го отфрлаат враќањето на српските сили на Косово

Белград донесе одлука да испрати припадници на своите безбедносни сили како реакција на зголеменото присуство на косовската полиција на северот на Косово. Минатата недела косовските власти одлучија да ги испратат силите на косовската полиција на северот на Косово, каде што живее мнозинството од српското население. По одлуката за напуштање на косовските институции, во тие сили нема Срби. Еден месец претходно, Србите од северот на Косово ги напуштија косовските институции.