Ковачевски: Повеќе нема простор за „ќе“ во реформите на администрацијата

Премиерот Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната седница на Советот за реформа на јавната администрација, прва откако тој раководи со владиниот кабинет, ја соопштил јасната определба за ефикасна и професионална јавна администрација и побарал проактивно работење „веднаш,“, соопштија од Владата.

Рој најавил дека реформата на јавната администрација останува еден од клучните приоритети на Владата, но и прашање од исклучителна важност за процесот на преговори со Европската Унија. Притоа порачал дека реформите не може и треба да чекаат.

Видете и ова: Сите вработени во канцеларија, општините нефункционални

„Ова е неопходност, бидејќи директно го засега квалитетот на живот на граѓаните, како и работата на приватниот сектор дома – и повеќе нема простор за „ќе“, истакнал претседателот на Владата.

Приоритетни цели, рекол, мора да бидат деполитизирана и професионална јавна администрација и следствено на тоа воспоставување на кохерентен систем на плати и реорганизирани и оптимизирани институции, со зајакнат интегритет. Ова подразбира, подвлекол, финализирање на предлозите на законските решенија, што претставуваат правна основа за да се оди понатаму.

„Во овој момент, кога ја финализираме Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023- 2030 година со Акцискиот план, што треба да биде усвоена од Владата, од којашто ни зависи и задоволството на граѓаните и бизнис заедницата од институциите што ги плаќа и напредокот на евроинтеграцискиот пат – апелирам на максимална одговорност и посветеност од сите. Очекувам да видам прецизни мерки и резултати, во утврдени рокови“, е пораката од премиерот.

Проблемот со ефикасноста на јавната администрација, и најавите за нејзина реформа што траат со децении. Реформите беа ставени и во владината програма, како таа на неодамнешниот премиер Зоран Заев, така и на актуелниот Ковачевски. Во неа се наведува дека ќе се работи кратење на администрацијата за 20%, преку спојување функции и надлежности на институциите, пензионирање на 64 години, но актуелна остана и идејата за трансфери во приватниот сектор.

Минатата година плата од државен буџет земале 132.088 лица. Најголем број вработени има во образованието, здравството со 20252, но и во секторите поврзани со одбраната и полицијата.