Во Атина разговори меѓу шефовите на македонската и грчката дипломатија

Mинистерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас

Mинистерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за време на неговата денешна работна посета на Грција ќе оствари средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и министерот за животна средина и енергетика на Грција Ксотас Скрекас. Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу двете земји, европското досие на нашата земја, сојузништвото во НАТО и геополитичките предизвици во регионот, како и приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Ковачевски: Договорено непречено снабдување со енергенси преку Грција

Од грчкото МНР во најавата за средбата соопштија дека се очекува разговорите на двајцата министри да се фокусираат на „преземањето на претседавањето со ОБСЕ од страна на Северна Македонија, европскиот тек на Западен Балкан, целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, дополнително зајакнување на билатералните односи во сите област, како и во регионалните и меѓународните случувања“. Во рамки на посетата на Грција, Османи ќе оствари одвоена средба и со министерот за енергетика и животна средина, Костас Скрекас, на која ќе се разменат информации за соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката, а во контекст на актуелните предизвици поврзани со диверзификацијата на изворите за енергетско снабдување.