Заврши заложничката драма во германскиот град Дрезден, приведен 40 годишен маж

GERMANY-CRIME/CHRISTMASMARKET

Полицијата соопшти дека ставила крај на заложничката драма во источногерманскиот град Дрезден откако го евакуирала трговскиот центар во историскиот центар на градот и го затворила познатиот божиќен пазар „Стризелмаркт“. Заложничката ситуација настанала откако маж вооружен со пиштол се засолнил во продавница во трговски центар откако отворил оган во просториите на радиостаница во градот.

Осомничениот напаѓач е тешко повреден и во моментов не е во можност да биде сослушан. Тоа го изјави портпаролот на полицијата во Дрезден за германската новинска агенција ДПА.

Засега не е познато дали мажот самиот се повредил или бил повреден при апсењето. Полицијата го опиша мажот како психички растроен.

Заложниците, една жена вработена во трговскиот центар- Галерија Алтмаркт и едно дете не се повредени, соопшти полицијата. Околу 7 часот и 20 минути полицијата во населбата Прохлис во Дрезден пронашла мртва жена во станбена зграда.

Убиството е поврзано со заложничката драма во центарот на Дрезден, соопшти полицијата. Осомничениот е 40-годишниот син на жена

Инцидентот се случува додека во Германија се разговара за безбедноста откако истражители претходно оваа недела открија екстремнодесничарски заговор за соборување на германската влада и поставување аристократ за лидер на новата држава.