Спортски новинар почина додека известуваше за натпреварот Аргентина против Холандија

Американски познат спортски новинар почина вчера додека известуваше од Светското првенство во Катар. На 48 годишниот Грент Вал му се слошило во прес зоната за време на натпреварот Арегнетина против Холандија. Тој потоа бил префрлен во болница, велат организаторите на Светското првенство. Засега се нејасни околностите околу неговата смрт.

Тој неодамна се најде на насловните страници известувајќи дека бил приведен и накратко одбил влез на натпревар од Светското првенство бидејќи носел маица со виножито за поддршка на правата на ЛГБТК.

На почетокот на оваа недела, на американскиот спортски новинар му беше врачена награда од бразилската фудбалска легенда Кристијано Роналдо за покривање на осум последователни Светски првенства - неговиот прв пат беше во САД во 1994 година.