ФИФА дозволи транспаренти за поддршка на иранските демонстранти на Светското првенство

ФИФА даде дозвола за истакнување на транспаренти за поддршка на протестите во Иран и на предмети со бои на виножито на фудбалскиот турнир на Светското првенство во Катар - откако оваа земја од Блискиот Исток беше елиминирана од натпреварувањето. Од почетокот на Светското првенство на 20 ноември, персоналот за обезбедување на стадионот организиран од катарските власти конфискуваше предмети со бои на виножитото и слогани како „Жени. Живот. Слобода“.

Спорт и политика - Пет „сензитивни“ натпревари на Мундијалот во Катар

За време на натпреварите во кои учествуваше иранската репрезентација, на иранските гледачи не им беше дозволено да носат облека со слогани за поддршка на повеќемесечното протестно движење во Иран предизвикано од смртта во полицискиот притвор на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена во септември за „неправилно“ носење шамија или хиџаб. Најмалку 459 демонстранти досега се убиени од безбедносните сили за време на немирите во Иран, меѓу кои 64 малолетни, според активистичката агенција ХРАНА.

Знамето со Косово како дел од Србија „го префрли акцентот“ од фудбалот

Во првата недела од турнирот, на седум европски екипи, вклучително и Велс, ФИФА им забрани да носат повеќебојни ленти „One Love“ за време на натпреварите на Светското првенство, а некои навивачи се пожалија дека не им било дозволено да носат предмети со бои на виножитото, симбол на ЛГБТК правата, на стадионите на конзервативниот исламски емират. „ФИФА продолжува тесно да соработува со земјата домаќин за да обезбеди целосна имплементација на поврзаните регулативи и договорените протоколи“, соопшти ФИФА.