Петти конгрес на партијата ДОМ

Илустративна фотографија

Денеска ќе се одржи петтиот конгрес на партијата Демократската обнова на Македонија (ДОМ) каде се очекува за претседателка да биде реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин.

На седницата на Централниот одбор на партијата беше утврдено дека Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.

Видете и ова: Прва оставка во Владата на Ковачевски

Согласно внатрепартиските принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.

Одлуката за одржување на Петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на Централниот одбор.

ДОМ е дел од владејачкото мнозинство и има еден пратеник во Парламентот, актуелната претседателка Морачанин.