Заседава претседателството на ДУИ - без разрешувања, само отчет од функционерите

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, Македонија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во партиското седиште во Мала Речица го одржува продолжението на конститутивната седница на новиот состав на партиското Централно претседателство, на која се очекува да ја евалуира работата на нивните функционери во извршната власт.

Сепак, на дневен ред нема да има разрешувања на министри или директори, туку ќе се разговара за прашања кои имаат надлежности како партија, изјави потпретседалот на ДУИ, Арбер Адеми пред почетокот на седницата.

„Во известувањето не добивме дека на дневен ред се разрешувања и такви работи. Така што ги адресираме и ги дискутираме сите прашања, дефинираме ориентации за да ја усовршиме нашата ориентација, од причина што ДУИ сноси висока одговорност и ние мора да одговориме на сите предизвици со кои се соочуваме“, рече Адеми.

Членот на претседателството на ДУИ, Артан Груби пак, рече дека не постои огнена група, а тема на дебатата ќе биде сработеното во изминативе две години.

„Не постои огнена група имаме 34 члена група на претседателството плус три по автоматизам вкупно 37 члена. Се разговара како и минатиот пат и овој пат за сите сработени работи од 2020 до 2022 година, претежно 99 отсто од дебатата е за економските ресори и капитални инвентциии, дали се реализирани патишта, болници, училишта, канализации, водовод итн“, изјави Груби.

На новинарски прашања пак, дали влез на партијата Алијанса за Албанците во владата ќе значи формирање на фракција во ДУИ од редовите на ткн. Огнена група, портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи рече дека се тоа шпекулации.

„Не можам да коментирам шпекулации кои што се пренесуваат без да некој ги каже конкретно. Тоа се текстови кои ги читаме низ порталите, се повикуваат на некаква група, а нема имиња и презимиња.Во ова фаза можам да кажам дека постои политички моментум за поширока координација помеѓу политички партии во пресрет на овие предизвици во кои што се наоѓа државата“, изјави Османи.

Реорганизацијата на ДУИ почна откако во септември т.н. Огнена група побара реформи во ДУИ и по неколку средби на претседателот Али Ахмети со ограноците се одржа Централен совет на 15 октомври кој се избра новото претседателство.

Почна средбата на претседателството на ДУИ, огнената група ќе бара смена на Груби

Првата конститутивна седница на централното претседателство се одржа кон крајот на октомври и траеше околу 12 часа.