Киев се сомнева дека проектилот што падна во Полска е од Украина

илустрација од паднат проектил во селото Пржеводов во источна Полска, на украинско-полската граница, 15 ноември 2022

Украинските власти изразија сомнеж дека проектилот што падна врз Полска на 15 ноември потекнува од силите за воздушна одбрана на Украина (ПВО).

Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, денеска рече дека Киев сака заедничко проучување на инцидентот со неговите западни партнери и да ги разгледа информациите што ја формираат основата за заклучоците на неговите сојузници.

„Ние сме за дополнително, што е можно подетално проучување на овој инцидент заедно со нашите партнери. Подготвени сме на нашите партнери да им ги предадеме доказите за руската патека што ги имаме“, рече Данилов, не прецизирајќи детали.

Тој додаде дека Украина очекува информации од нејзините партнери, врз основа на кои е донесен конечниот заклучок дека се работи за украинска ракета за противвоздушна одбран

Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека ракета од руско производство паднала врз селото Пржеводов, во источна Полска, на околу шест километри од границата со Украина. Две лица загинаа во инцидентот, што го поттикна глобалниот аларм дека војната во Украина може да се прелее и во соседните земји.

Западните претставници, вклучително и шефот на НАТО, Јенс Стотленберг, рекоа дека инцидентот најверојатно бил предизвикан од украински проектил за воздушна одбрана, иако предупредија дека засега нема индикации дека станува збор за намерен напад и дека истрагата за тоа што се случило е во тек.

Инцидентот се случи за време на, како што рече Киев, најинтензивниот бран руски ракетни напади врз градови низ Украина од почетокот на војната во февруари.

Русија негираше дека нејзините ракети ја погодиле полската територија, велејќи дека извештаите биле „намерна провокација“ за ескалација на ситуацијата.